петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 163
home Живот и стил

Оваа убава девојка добиваше само комплименти, но кога ги покажа нозете сите ја “распнаа“ со навреди – погледнете зошто

Оваа убава девојка добиваше само комплименти, но кога ги покажа нозете сите ја “распнаа“ со навреди – погледнете зошто

24-годишната Ана Калатајуд Перез-Манглано, минатиот ноември одлучила да престане да ги бричи нозете бидејќи немала волја за тоа.

Неодамна, таа на социјалните мрежи објавила видео од своите влакнести нозе и наишла на многу полоши коментари отколку што очекувала.

-Изгледа дека уште го чекаме тој ден кога луѓето ќе можат да прават што сакаат, секако без да им наштетуваат на другите, а тоа да не предизвика грозни реакции од општеството, или во овој случај, коментари на интернет.

Младата жена која не се сложува со општествените норми поврзани со отстранувањето на влакна, го открила мислењето на луѓето на потежок начин.

Откако објавила снимка од своите влакнести нозе, студентката по ликовна уметност од Валенсија останала запрепастена од количината на сексистички и неумесни коментари кои ги добила.

Ана тврди дека добила десетина пораки во кои луѓето ѝ пишувале работи од типот на “Очигледно долго не си имала секс” или “Доколку мојата девојка изгледа вака, би прекинал со неа”.

“Бев мрзелива и не сакав да се бричам, немам никакви комплекси и не ме интересира што имаат луѓето да кажат. Не се срамам од влакнестите нозе, сите жени ги имаат, а сами бираме дали ќе се бричиме или не. Тоа нема никаква врска со феминизмот или обидот за истакнување”, објаснила Ана.

Студентката рекла дека била изненадена од тоа колку луѓе реагирале на нејзиното видео со коментари во стил дека тоа е причината зошто нема момче, а колку е чувствителна ваквата тема, зборува и фактот дека видеото е споделено повеќе од 9000 пати.

Многу корисници на социјалните мрежи ја нарекле одвратна и грда, додека еден коментатор ѝ напишал дека “треба само да каже доколку не сака секс”.

“Најлошиот коментар кој го добив беше од човек кој ми напиша дека боледувам од депресија и дека имам ниска самодоверба бидејќи сум престанала да се бричам. Не можам да поверувам дека таа личност ме дијагностицираше преку интернет, тоа е неверојатно”, вели Ана и додала дека истото би можело да се помисли и за него бидејќи има брада.

“Морам да кажам дека имаше и многу луѓе кои ми напишаа “фала” и кои ме поддржаа и тоа е споменот кој ќе го сочувам од сето ова”, заклучила девојката.

Видеото погледнете го ТУКА

Коронавирус