среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 72
home Живот и стил

Оваа мајка стана мета на остри критики: Нејзиното дете има 4 години, а таа уште го дои (ФОТО)

Оваа мајка стана мета на остри критики: Нејзиното дете има 4 години, а таа уште го дои (ФОТО)

Риона О’ Конор (38), комичарка од Ирска, на својот Фејсбук профил објавила фотографии од својот четиригодишен син на кои го дои во едно кафуле.

Нејзиниот пост набргу станал вирален, а доењето на јавно место на момчето кое има 4 години ги подели во две групи нејзините следбеници, тие кои ја поддржуваат, но и оние за кои овој гест го сметаат за „злоставување на деца“.

Така еден човек кој имал 55 години искоментирал: „Ако детето е доволно големо за да може само да каже дека е жедно, тогаш е премногу старо за да мајката и натаму го дои. Според мое мислење, тоа се граничи со детска злоупотреба“.

Покрај ова, се нижат и други коментари на жени кои не се сложуваат со доење на дете кое има четири години.

„Мразам кога мајките го продолжуваат доењето се додека детето не биде доволно големо за да јаде бифтен. Тоа е болно“, но и „Децата треба да растат. Не можат засекогаш да бидат бебиња“.

Постот во кој таа вели дека е горна на својот син, добил и низа позитивни реакции.

Коронавирус