сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 85
home Живот и стил

Оваа диета веројатно никогаш не би ви паднала на памет, а намалува килограми како од шала!

Оваа диета веројатно никогаш не би ви паднала на памет, а намалува килограми како од шала!

Стапувањето во брак може да биде еден од најдобрите начини за слабеење, покажале резултатите на најновите истражувања објавени во весникот „Personal Relationship“.

Мажите и жените кои припаѓаат во категоријата на подебели луѓе, лесно можат да ги решат вишокот килограми ако имаат партнерска поддршка, едни на други ќе си бидат поттик да ослабат, бидат поздрави и да изгледаат попривлечно. Истражувачи од Универзитетот во Калифорнија пратиле 302 доброволци во раните триесетина години од животот и го провериле нивниот индекс на телесна маса, а потоа два пати годишно во наредните осум години го прателе нивниот статус на врска и бројот на килограми.

Истражувањето покажало дека паровите од кога почнале да живеат заедно или одлучиле да се венчаат, почнале да губат килограми. Она што исто така е интересно е фактот дека дури 90 осто од паровите ги задржале здравите навики и добрата фигура во првите осум години од животот под ист кров, без разлика на тоа дали само живееле заедно или својата врска ја официјализирале кај матичар.

Венчавањето е очигледно одличен поттик за борба против вишокот килограми и за здрав живот, порачуваат истражувачите.

Коронавирус