сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 6
home Живот и стил

Ова слатко момче е едно во милиони: Има страшна алергија на сонце, вака мора да се заштитува (ФОТО)

Некои знаат да се пошегуваат со него, па да прокоментираат дали мисли дека е маскенбал и се маскирал во астронаут или пчелар, но неговото семејство секогаш е тука за да го заштити. Во иднина семејството планира да се пресели на некое место со постудена клима, односно со помалку сонце.
Ова слатко момче е едно во милиони: Има страшна алергија на сонце, вака мора да се заштитува (ФОТО)

7-годишниот Оливер Кеи од Калифорнија е еден во милиони. Тој мора да носи пластичен визир секојпат кога излегува надвор затоа што е многу алергичен на сонцето.

На само 18 месеци му било дијагностицирано реткото генетско нарушување xeroderma pigmentosum (XP), откако на бебешката кожа му се појавиле темни дамки.

Децата со ова нарушување често се нарекуваат и „деца на месечината“ затоа што можат да излезат надвор незаштитени само кога сонцето ќе зајде. Нивната кожа не може да ја поправи штетата што ја причинуваат сончевите зраци.

Оливер, исто така, има 1.000 пати поголема веројатност да развие рак на кожа отколку просечна личност, па затоа неговото семејство презема екстремни мерки за да го заштити.

Тој секој ден носи специјален пластичен визир направен од материјал што штити од УВ-зраците и ракавици. Неговата мајка го облекува и во облека изработена од таков материјал и му нанесува и крема за сончање со голем заштитен фактор.

И на прозорците во нивниот дом има специјална заштита. Целата процедура е напорна и семејството најмногу им се радува на часовите по зајдисонцето, кога Оливер може да си игра надвор со своите четири браќа и сестри.

Тој вели: „Сакам кога е темно, затоа што конечно можам да ја тргнам целата заштита од мене и да си играм слободно и чувството е одлично.“

Ако седи на сонце незаштитен, на неговата кожа ќе се појават дамки, брчки, а можно е и рак на кожата.

Коронавирус