четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 0
home Живот и стил

Ова се трите најбезбедни држави во случај на катаклизма, трета светска војна и пандемија

Ова се трите најбезбедни држави во случај на катаклизма, трета светска војна и пандемија

Универзитетот Отаго во градот Данидин, Нов Зеланд, објави истражување околу тоа кои места на земјата би биле најбезбедни и со најголеми шанси за спасување и преживување во случај на катаклизма, трета светска војна и посебно при пандемија.

„Инфицираните можат лесно да ги минуваат копнените граници, па така- затворен остров каде има доволно залихи, би можел да прифати население кое потоа, по катастрофата, може повторно да ја насели планетата,” се вели во анализата.

Во таа смисла, малите острови се неповолни како засолништа. Според научниците, за обновување на цивилизацијата ќе биде неопходно меѓу одбраните преживеани да има и научници, технички експерти и научни специјалисти.

Според тоа, местата без копнени граници, каде што населението надминува 250.000 луѓе, се најпогодни за спас на човештвото. Во трудот, предвид се земени и политичките и социјалните услови, како и квалитетот и количеството на природните извори и климата.

Така, најбезбедни земји при евентуална апокалипса, се Австралија, Нов Зеланд и Исланд.

Според новозеландските научници, овие држави најуспешно ќе се справат со катаклизма или пандемија.

Најнови вести