понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 102
home Живот и стил

Ова се најпосакуваните здолништа за оваа есен: Во нив секоја жена изгледа феноменално

Ова се најпосакуваните здолништа за оваа есен: Во нив секоја жена изгледа феноменално

Овие три парчиња се одлична инвестиција оваа есен. Со ваквите здолништа, секој стајлинг ќе изгледа интересно, а она што е најдобро е дека можат да се комбинираат со многу работи и чевли, а одлично се вклопуваат во секој стил.

Маици, дуксери, кошули, сакоа и кожни јакни – сè изгледа одлично, а на вас останува да си поиграте и да бидете креативни во создавањето на аутфити.

Кожно здолниште

По големиот успех на кожните хеланки и панталони, на ред дојдоа и здолништата од овој материјал. Најкласичното тесно здолниште од кожа само по себе изгледа ефектно, а може да изгледа феноменално дури и со обична бела маичка. Дури ни Меган Маркл не му одолеала на овој тренд.

Плисирано здолниште

Овој модел на здолниште освои многу дами уште на почетокот на пролетта, а вам ви преостанува да изберете едно во вашата омилена боја и да уживате во комбинирањето.

Здолниште со тил

Многу интересен модел кој брзо ги освои срцата на многу дами. На прв поглед, здолништето со тил е многу романтично парче гардероба кое може да се носи на многу начини. Бајкерските чизми одлично се вклопуваат со ваквиот крој.

 

 

View this post on Instagram

 

New York gets me feeling all sorts of things. Wearing the new @MissSixty #MissSixtyAngel collection #ad

A post shared by Tamara Kalinic (@tamara) on

извор: tocka.com.mk

Коронавирус