петок, 24. септември 2021. Вести денес: 134
home Живот и стил

Ова се најчести причини за развод, бракот мора да се негува за да трае

Ова се најчести причини за развод, бракот мора да се негува за да трае

Има многу причини причини поради кои браковите завршуваат, а главно жените се тие кои ја започнуваат приказната за развод и се свртуваат кон подобра иднина. Но, ни мажите не се имуни на многу проблеми со кои се сретнуваат во бракот, на многу проблеми со кои се соочуваат, а ова се најважните поради кои доаѓа до развод.

Престана да биде забавно

Кога се запознавте бевте млади и безгрижни. Но секој кој има дете знае дека грижите започнуваат со родителската одговорност. Тажно е кога партнерот не е поготвен да работи на тоа да ја врати магијата во односот.

Сексот е редок и рутински

Нема човек које  во брак, а да на се пожалил на тој проблем. Секоја обврска исцрпува па сексот е последна работа која ви паѓа на памет по напорниот ден. Не мора да значи дека тоа е исправно, но е така. Дали тоа е вистинска причина за развод? Не е решение да се биде во брак во кој нема секс, но можете да испланирате нешто романтично, да избегате на викенд од обврските и да ја вратите страста.

Мажот веќе не е на прво место

Нормално дека не е, кога децата се присутни. Тој не може да се помири со фактот дека вашиот живот повеќе не се врти околу неговите потреби. Разговарајте и издвојте моменти за вас, водете љубов, а потоа искрено разговарајте.

Нема почитување

По сите заеднички години, не ве гледа како самостојна, независна и жена со самодоверба. Вашата самодоверба исчезнала откако не сте успеале да ја вратите линијата по породувањето, а семејството ви е поважно од кариерата. На крајот  на краиштата кој не се променил во последните 15 години. И тој се променил, ама не гледа!

Товар и приговарање

За жал приговорите и сопките во бракот често можат да станат секојдневие.Вам ви е потребна помош, а тој не ви ја дава.И на крај вие сте мрчало кое e постојано незадоволно. Искрената комуникација е единствен начин да ги решите проблемите.

 

Коронавирус