среда, 2. декември 2020. Вести денес: 194
home Живот и стил

Ова се 20 особини кои најмногу ги привлекуваат жените (мажественоста не е една од нив)

Ова се 20 особини кои најмногу ги привлекуваат жените (мажественоста не е една од нив)

Кои особини ги бараат жените во потенцијалниот партнер? Судејќи според новите истражувања, на жените им е поважен карактерот на партнерот отколку физичката атрактивност.

Истражувањата спроведени над 1000 жени од страна на универзитетот Принстон, корпорација за истражување на јавното мнение во Њу Џерси и “BestLifeOnline.com” покажуваат дека повеќето жени сакаат мажот во нивниот живот да биде верен, доверлив, добар слушател, да има смисла за хумор и стил.

Само 13 отсто од жените во студиите изјавиле дека мускулестото тело е важно за физичката привлечност додека дури 66 отсто од жените се изјасниле дека особено ги привлекува моралниот интегритет кај мажите, пренесува “Men’s Health”.

Еве кои 20 особини ги привлекуваат жените – не само физички:

Карактерни особини:

Верност, лојалност, љубезност, морален интегритет, “татковство” (што е дефинирано како трпеливост, грижа и желба за деца).

Карактер:

Смисла за хумор, интелигенција, страст, самодоверба, великодушност.

Практични вештини:

Слушање, романтичност, добар во кревет, готвење, потенцијал за заработување.

Физички особини:

Смисла за стил, згоден, висок, мускулест и фит.

 

Коронавирус