четврток, 19. јули 2018. Вести денес: 133
home Живот и стил

Ова девојче преживува голгота поради болеста: Кога ќе кашла ѝ се кршат коските, дури и прегратката е кобна за неа (ФОТО)

-Имав многу убаво детство, но често се случува децата да ми се смеат и постојано да гледаат во мене, откри таа.
Ова девојче преживува голгота поради болеста: Кога ќе кашла ѝ се кршат коските, дури и прегратката е кобна за неа (ФОТО)

Мари Холм Лорсен (21) од Данска до сега 500 пати ги скршила коските во телото. Кршењето на коските се последица од кивање и кашлање, а неколку пати дури и прегратката била кобна за нејзините кревки коски.

Всушност, Мари боледува од ретка болест на коските “osteogenesis imperfecta”, а во една прилика го скршила и реброто кога започнала со икање.

Дијагнозите ѝ биле установени кога имала само недела дена. Оваа ретка болест е наследно пореметување на колагенот кој предизвикува дифузна абнормална кревкост на коските, пренесува Дејли Меил.

Таа раскажа како изгледа нејзиниот живот кога секоја секунда постои опасност да ѝ се скрши некоја коска.

-Имав многу убаво детство, но често се случува децата да ми се смеат и постојано да гледаат во мене, откри таа.

Мари денес е жртва на предрасуди и јавно зборува за својата болест за да ја подигне совеста за својата здравствена состојба. Се потсети на моментите кога докторите ѝ ја дале дијагнозата.

-Беа збунети што слушаат звук секој пат кога ќе ги движам нозете. После рендгенот на целото тело открија дека тоа е звук на кршење на коските во целото тело. Така ми ја открија оваа болест, рекла таа.

Девојката од Данска истакнала дека не сака да биде ограничена од страв дека ќе ѝ се скрши нешто и дека мора да го живее животот со полн здив.

-Понекогаш морам да ризикувам. Тоа што предавам и зборувам на конференции е еден од моите најголми животни успеси и многу сум среќна за тоа, рекла Мари.