среда, 28. јули 2021. Вести денес: 178
home Живот и стил

Ова бебе го викаат„Мишелин“: На шестмесечна возраст има 12 килограми (ВИДЕО)

Ова бебе го викаат„Мишелин“: На шестмесечна возраст има 12 килограми (ВИДЕО)

Девојчето предизвика сензација во социјалните медиуми кога родителите објавија видеоснимка од нејзиното мало раче, која досега е видена 4,7 милиони пати.

На возраст од шест месеци, Ксу Јујан има 12,5 килограми. Во просек таа е потешка од другите бебиња на нејзина возраст за една третина, односно 4 килограми.

Поради јастучињата на рацете, Јујан е позната во кинеските медиуми како „Мишелин бебе“. Дебелкото раче потсетува на маскотата на францускиот производител на гуми „Мишелин“, коментираа некои од гледачите на видеото.

Таткото на Јујан, Ксу Леи, од провинцијата Џилин во североисточна Кина, вели дека неговата ќерка е здрава.

Тој го нарече бебето „грејпфрут“, вид цитрус, бидејќи изгледа како грејпфрут.

Г. Ксу и неговата сопруга со видеоснимки го документираат растот на Јујан.

Таткото признава дека е малку загрижен за големината на ќерката, поточно дека во иднина таа ќе биде дебела.

Просечната тежина за шестмесечно девојче во Кина изнесува 7,2 килограми.

Коронавирус