четврток, 29. септември 2022. Вести денес: 152
home Живот и стил

Отстранет тумор на мозок со рекордна големина

Отстранет тумор на мозок со рекордна големина

Индиски хирурзи денес соопштиле дека на еден пациент му отстраниле тумор на мозок со рекордна големина од речиси два килограми.

Пациентот Сантлал Пал, 31 годишен трговец, бил опериран на 14 февруари кога му е отстранет и туморот.

-Операцијата била исклучително тешка, рекол началникот на неврохирургија и додал дека хируршката интервенција траела седум часа, по што успешно бил отстранет туморот од 1,87 килограми.

Хирургот изјавил дека тоа е најголемиот тумор на мозок кој е отстранет од пациент.

Пациентот почнал полека да се опоравува, да оди и самостојно да јаде.

Претходниот „рекорд“ на тумор бил 1,4 килограми.

Коронавирус