недела, 8. декември 2019. Вести денес: 0
home Живот и стил

Откако ќе ја прочитате оваа древна мудрост, никогаш повеќе нема да бидете нервозни

Откако ќе ја прочитате оваа древна мудрост, никогаш повеќе нема да бидете нервозни

Внимателно прочитајте ја оваа приказна. Таа ќе ви донесе смиреност и ќе ве научи да бидете трпеливи.

Си бил еден тибетански монах кој секогаш важел за свет човек. Луѓе од целиот свет доаѓале кај него за да му побараат совет, а важел за смирен човек кој никогаш не се навредувал.

Некој злобен човек го чул тоа и решил да го тестира мудрецот. Отишол кај него и во моментот кога го здогледал почнал да го навредува и да го понижува на секој начин. Откако повеќе не можел да смисли нови навреди, тој за момент замолчел и изненадено сфатил дека монахот и натаму бил смирен и прибран како и претходно. Тоа многу го изнервирало и тој продолжил да пцуе уште полошо, но сѐ било залудно – изгледало како тоа воопшто да не го допира мудрецот.

Кога останал без пцовки и кога ја изгубил целата енергија, човекот му пришол на монахот и прашал која била неговата тајна.

„Ги разбирам тие ваши духовни работи и дека не ви е грижа што мислат другите за вас, но јас те понижував и навредував, па ти мораш да научиш да се бориш за себе.“

„Сино, може ли да ти поставам само две прашања?“ – првпат проговорил монахот.

„Секако“ – рекол човекот.

„Ако ти мене ми донесеш подарок, а јас не го прифатам, кому припаѓа тој подарок?“

„Па ако не го прифатиш подарокот, тогаш тој и натаму е мој.“

„А сега, сине мој, ако ти имаш само навреди за мене, а јас не ги прифаќам, кому остануваат тие навреди?“ – прашал мудриот човек, се завртел и си отишол.