среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 93
home Живот и стил

Отиде на операција за да ги зголеми градите, а потоа нејзиниот живот стана пеколен (ФОТО)

Отиде на операција за да ги зголеми градите, а потоа нејзиниот живот стана пеколен (ФОТО)

Минатото лето, Емалин Нгајен од САД била подложна на операција за зголемување на градите, меѓутоа, за време на анестезијата, двапати ѝ застанало срцето.

Иако хирургот Џефри Ким на тинејџерката двапати ѝ го вратил животот, набрзо сфатиле дека дошло до тешки невролошки оштетувања за кои медицинската сестра-анестезиолог, не ја известила брзата помош повеќе од 2 часа.

Лиам Фам, мајката на Емалин, вели дека семејството очајно сакало да ја дознае вистината за тоа што се случило во операционата сала, бидејќи нивната ќерка сега се наоѓа во болница и е во кома. Потребна ѝ е постојана нега.

Колку што ѝ е познато на Фам, не би требало да постои некаков проблем со операцијата за која со ќерка ѝ собрале 6.000 долари, а порано и други членови од семјеството ја направиле истата операција.

„Бев согласна со таа процедура“, изјавила мајката Фам во интервју за „CBS4“ и додала:

„Не мислевме дека може нешто лошо да се случи. Операцијата требаше да биде рутинска.“

Семејството сега го тужи докторот Ким и сестрата анестезиолог Рекс Микер, за наводно невнимание.

Според извештајот на „CBS4“, во семејната тужба, која ја напишал адвокатот Дејвид Вудраф, се напоменува дека Емалин е оставена сама на себе 15 минтуи откако ја примила анестезијата, а сестрата дури потоа видела дека Емалин ја сменила бојата на лицето.

Семејството наведува и дека медицинските извештаи покажуваат дека срцето на Емалин двапати застанало во тој период, а дека сестрата ги известила итните служби дури неколку часа подоцна.

Операцијата требало да трае два часа, но траела многу повеќе.

„Ми рекоа дека сè е во ред, дека ќерка ми е млада и здрава, дека ќе биде добро, но дека ѝ се потребни неколку часа зада се разбуди“, изјавила мајка ѝ.

Тинејџерката денес е во „минимално свесна состојба“. Тоа значи дека не може да зборува, да оди, да јаде или да се грижи за себе.

Извесно е дека штетата која е направена на нејзиниот мозок, ќе биде доживотна.

„Според мене, чудо е што воопшто преживеа и повторно се бори. Не можам да спијам навечер, знаејќи што ѝ направија. Ѝ го уништија животот, како и нашиот“, вели мајката.