четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 75
home Живот и стил

Оставете неколку парчиња кога ќе јадете лубеница, еве каква маска за убавина да си направите

Оставете неколку парчиња кога ќе јадете лубеница, еве каква маска за убавина да си направите

Со над 90% вода, но истовремено и витамински коктел составен од витамините од Б групата, витамин А и Ц, лубеницата не само што ја навлажнува кожата, но ќе ја направи поубава, свежа и здрава.

Лубеницата исто така го изедначува и освежува тенот па затоа често ја користат во производство на козметички препарати.

Како се подготвува маската:

Неколку парчиња лубеница се чистат од семките и кората и се пасираат. Додадете и четвртина авокадо и пасирајте повторно. Оставете смесата да се олади во фрижидер и така ладна нанесете ја на лицето, вратот и деколтето. Студената лубеница ќе ја смири кожата, а витамините и маслото од авокадо ќе и ги дадат неопходните хранливи материи.

Пред да ја нанесете маската изложете го лицето на пареа за да се отворат порите со цел хранливите материи да се апсорбираат побрзо и полесно.

Се остава да делува 30 минути после што се плакне со млака вода.

Коронавирус