понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 135
home Живот и стил

Ослободете се од стриите- возможно е

Ослободете се од стриите- возможно е

Многу луѓе стриите ги поврзуваат со бременоста или наглото дебелеење, но некои луѓе едноставно имаат генетски предизпозиции да ги добијат. На кратко, ако вашата мајка имала стрии, голема е веројатноста дека и вие ќе ги имате. Но, нема причини за паника или загриженост, решение постои.

Со првилна исхрана и одржување на нормална телесна тежина може многу да направите. Ако имате вишок на килограми, време е да ги изгубите. Пронајдете вежби во кои ќе уживате, внесувајте хранливи влакна од овошјето и зеленчукот, кои треба да се основа на вашата исхрана (влакната помагаат во подоброто согорување на мастите во текот на варењето на храната), исто така послужете се со трикови кои ќе го забрзате метаболизамот- како на пример зачинета храна и зелен чај.

Важно е и внесувањето на доволно течности. Осум чаши вода дневно, се минимум. Тоа не само што ќе ви помогне во намалувањето на апетитот (понекогаш кога чувствувате глад, вие всушност имате потреба од течности), туку со тоа ќе имате и хидратизирана и мека кожа со што се спречува настанувањето на стриите.

Побарајте креми кои содржат какао или истата може да ја направите и сами, со цел да го спречите настанувањето на стриите.

Крема против стрии:

¼ чаша путер од какао

1 лажица масло од сусам

2 капсули витамин Е (растворете ги за да добиете масло)

2 чаши рендан восок

1 лажица екстракт од ванила.

Сите намирници добро промешајте ги на тивок оган. Откако ќе се олади смесата, нанесете ја на областа на која имте стрии.

Многу жени имаат проблем со стриите и тие не се нешто од што треба да се срамите, но далеку од тоа дека немате апсолутно ништо да направите за да го спречите нивното понатамошно настанување.

Коронавирус