вторник, 20. август 2019. Вести денес: 0
home Живот и стил

Опасен тренд на Скијатос: Нова идеја за “селфи“ која е ризична по животот на туристите (ВИДЕО)

Опасен тренд на Скијатос: Нова идеја за “селфи“ која е ризична по животот на туристите (ВИДЕО)

Можноста за невообичаена фотографија е неодолива за селфи-авантуристите, кои за таа цел одат во радиоактивни градови, езера или се качуваат на огромни височини, поради што има и најмногу несреќни и смртни случаи.

На островот Скијатос, Грција, овие денови беше забележан еден таков, според многумина – непромислен потфат од страна на група туристи кои се сликаа под авион што полетува на само неколку метри над нивните глави.

Ниското полетување и слетување на овој остров е стара и веќе позната туристичка атракција, но овојпат британскиот авион леташе особено ниско, што дополнително ја зголеми опасноста да бидат повредени егзибиционистите. (МИА)