понеделник, 23. септември 2019. Вести денес: 0
home Живот и стил

Опасен астероид поголем од Кеопсовата пирамида се приближува кон Земјата (ВИДЕО)

Опасен астероид поголем од Кеопсовата пирамида се приближува кон Земјата (ВИДЕО)

Потенцијално опасен астероид поголем од Кеопсовата пирамида, ќе ѝ се доближи на планетата Земја кон крајот на август, соопштија стручни лица од НАСА.

Дијаметарот на астероидот „2019 ОУ1“ е 160 метри, што е за 20 метри поголем од оној на најпознатата египетска пирамида. На 28 август, „2019 ОУ1“ ќе биде на растојание од окоу еден милион километри.

Европската вселенска агенција неодамна го ажурираше списокот на небесни тела коишто претставуваат потенцијална опасност за Земјата. Од нив, годинава најблизу ќе мине астероидот „2006-ку-ве-89“, на 9 септември. Веројатноста за судир е 1:7000.

На листата потенцијално опасни астероиди, на прво место е астероидот „2010-РФ-12“, за којшто се претпоставува дека во 2095 година ќе се приближи кон Земјата. Веројатноста од судир тука засега е 1:16.