петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 171
home Живот и стил

Од почетокот на пандемијата ни кажуваат колку е важен витаминот Д, а сега новите истражувања велат друго

Од почетокот на пандемијата ни кажуваат колку е важен витаминот Д, а сега новите истражувања велат друго

Нема доволно докази дека суплементите кои содржат витамин Д ги штитат луѓето од Ковид-19, велат британски експерти, кои продолжуваат да советуваат да се зголеми внесувањето на овој витамин во текот на зимата, бидејќи има корисен ефект врз здравјето на коските и мускулите.

Ова го соопшти научната комисија од експерти од Националниот институт за јавно здравје на Англија и Научниот советодавен одбор за исхрана, наведувајќи дека се потребни повеќе истражувања за ваквото тврдење, пишува Би-Би-Си.

Здравствените власти извршија брза ревизија на доказите за врските помеѓу витаминот Д и Ковид-19, откако мал број на студии сугерираа дека тој може да игра важна улога во имунолошкиот одговор на организмот кон респираторни вируси.

Сепак, тие открија дека има „недоволно докази“ за да се препорача за превенција или лекување на болеста.

Тие велат дека земањето витамин Д е особено важно преку зимата поради времето што луѓето го поминуваат во затворен простор изолирајќи се и заштитувајќи се од коронавирусот.

Ова значи дека не може да се произведе доволно витамин Д од сончевата светлина – што е клучен извор за човечкото тело.

Витаминот Д може да се добие и од одредена храна, како што се масните видови риба и житарките.

Коронавирус