четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home Живот и стил

Од кој родител наследуваме рак, а од кој ќелавост и холестерол?

Од кој родител наследуваме рак, а од кој ќелавост и холестерол?

Прв на листата е високиот холестерол, за што во целост можеме да го „обвиниме“ семејството, тврди американската генетичарка Шивани Назарет.

-Едно од 500 лица имаат генетска мутација која е предизвикувач на семејна хиперхолестеролемија – наследна болест на срцето која може да биде предизвикана од преран срцев или мозочен удар, открива Назарет.

Taa додава дека заболениот од семејна хиперхолестеролемија не може да го регулира холестеролот кој поради тоа се таложи во вените.

Не помагаат дури ни ригорозни диети или физичка активност, бидејќи во овој случај гените си го направиле своето.

Додека двајцата родители можат да бидат виновни за високиот холестерол, ракот на дојка се наследува од таткото, а ќелавоста ја наследуваме од мајката.