сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 95
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Живот и стил

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ: Денеска е Преподобен Герасим Јордански

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ: Денеска е Преподобен Герасим Јордански

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 4 март.

Денеска е Преподобен Герасим Јордански.

Герасим беше родум од Либија. Уште како млад го остави светот и го започна својот подвиг во Тиваидската пустина. Подоцна го посети Ерусалим и се насели крај реката Јордан. Околу него се собраа многу подвижници, па така се оформи неговиот манастир. Манастирот го одликуваше строгиот типик, а за строгоста на подвижничкиот живот пример даваше самиот Герасим. Тој долго поживеа, хранејќи се со непресушната божествена светлина, и се упокои во длабока старост во 475 година.

Според католичкиот календар денеска е Св. Патрик.

Тој бил роден во 385 година, во Британија. Бил најпрочуен светец во Ирска. Како бискуп со Божјите зборови им се обраќал на кралевите, а нивниот пристап на христијанството го следел народот. Свети Патрик во Ирска го вовел монаштвото. Ирските монаси одиграле голема улога во Европа. Патриковото проповедуваwе на евангелието доживеало успех. Умрел во 461 година.

Коронавирус