петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 133
home Живот и стил

Очите кажуваат многу – што открива нивната боја за вашиот карактер

Очите кажуваат многу – што открива нивната боја за вашиот карактер

Ова е краток водич за тоа што вашата боја на очи може да значи во контекст со вашето однесување, животот и ставовите.

Бојата на очите зависи од генетскиот спој на организмот, па поради тоа не е ниту чудно што докторите успеаја да ги поврзат карактерните одлики на личноста со оваа особина.

Очите се најубавиот и најизразен дел од човечкото тело.

Еве кое е значењето на нивната боја:

Сини очи

Велат дека таа боја е најпосакувана. Сините очи, како и кафеавите, се многу распространети. Луѓето со сини очи се со млад дух. Фасцинантноста од сината боја на очи оди толку многу далеку што некои од луѓето купуваат леќи во сина боја само за да ги имаат.

Луѓето со сини очи се шармантни, привлечни и вистински пријатели. Сините очи носат спонтаност и енергичност. Тие се склони кон долги љубовни врски, сакаат да имаат среќно семејство и очекуваат верност од својот партнер.

Кафеави очи

Луѓето со очи боја на лешник секогаш се подготвени за секаков предизвик. Храброста е нивното второ име. Никогаш нема да се откажат од борбата и ќе дадат сè од себе за да докажат дека се најдобри.

Тие се многу емпатични и секогаш се љубезни кон луѓето, сакаат авантури и да запознаваат нови луѓе. Темпераментни се, а кога се бесни подобро да не влегувате во конфликт со нив. Тие имаат слични карактеристики со луѓето со зелени очи, сакаат промени и спонтани се.

Зелени очи

Луѓето со зелени очи се многу енергични и креативни. Сакаат авантури и прифаќаат секаков предизвик кој што ќе се исправи пред нив. Тие најверојатно ќе ви се одмаздат доколку ги изневерите, а реторички се многу надарени.

Интелигенцијата е нивната силна страна и сакаат да живеат страстно. Тие никогаш нема да дозволат нешто да им застане на нивниот пат до среќата. Многу се страстни кога станува збор за љубовта и тежнеат кон долги врски. Понекогаш знаат да бидат љубоморни, сакаат да ги забавуваат луѓето и може да им верувате.

Коронавирус