четврток, 29. септември 2022. Вести денес: 134
home Живот и стил

Нутриционистката што тврдеше дека веганството лекува рак, почина од рак

Мари во своите емисии тврдела дека веганството може да ги излекува луѓето од рак и од хомосексуалност, а Лиз и понатаму верува во тоа. Таа смета дека Мари би била спасена доколку нејзините негуватели не ја хранеле со месо.
Нутриционистката што тврдеше дека веганството лекува рак, почина од рак

Мари Лопез, која со својата внука Лиз Џонсон го водела Јутјуб-каналот „Мари и Лиз“, посветен на здравиот животен стил, починала во декември лани од карцином, кој метастазирал на белите дробови, црниот дроб и во крвта.

Мари во своите емисии тврдела дека веганството може да ги излекува луѓето од рак и од хомосексуалност, а Лиз и понатаму верува во тоа. Таа смета дека Мари би била спасена доколку нејзините негуватели не ја хранеле со месо.

– Тој начин на исхрана, во комбинација со приготвување храна во микробранова, ја чинеше животот. Отсекогаш беше против микробрановата, која мојата мајка, сепак, ја користеше за да ѝ зготви храна, рекла Лиз.

Мари исто така се подложувала на строги „детокс диети“, како 90-дневно чистење на организмот со сокови на база на лимон и ѓумбир.

– Помогнаа во повлекување на воспалителните процеси од моето тело, но цело време имав чувство како да имам грип. Слабо јадев – рекла Мари.

Мари открила дека во целост ја избегнала терапијата што ѝ ја препорачале нејзините лекари.

– Тоа беше мој избор. Добро сум, не умрев, не отидов во болница… Ќе продолжам со овој природен пат. Готово е со тоа, излекувана сум.

Го чувствувам тоа во мојот дух и моето тело – рекла во една пригода.

И Мари и Лиз верувале во моќта на молитвата како вид на излекување.

– Господ ме однесе кон овошјето и зеленчукот во продавницата за да ми помогне да се излекувам – рекла Мари.

Лиз по смртта на Мари ја укинала можноста на оставање коментари и објавила нова снимка во која коментира сè што дотогаш се случило.

Таа тврди дека тие немале намера да ги мамат луѓето, туку да им помогнат. Лиз исто така рекла дека целта на објавувањето на снимките не биле парите, имајќи предвид дека досега на рекламите заработиле мошне малку.

Коронавирус