четврток, 2. декември 2021. Вести денес: 164
home Живот и стил

Нутриционисти советуваат: Еве кога треба да пиете кафе за тоа да биде најздраво за метаболизмот

Нутриционисти советуваат: Еве кога треба да пиете кафе за тоа да биде најздраво за метаболизмот

Нутриционисти од САД го одредија најсоодветното време за пиење кафе, со што тоа би било што покорисно. Нивните препораки се објавени на интернет-страницата „Ши фајндс“ (She Finds).

Започнувањето на денот со шолја кафе несомнено е едно од вообичаените задоволства во животот. Кофеинот не само што помага да се добие потребната енергија наутро, туку може да помогне и во губење тежина, односно подобрување на метаболизмот и полесно согорување на маснотиите. Иако урамнотежената исхрана и вежбањето остануваат главен фактор за здраво слабеење, утринското кафе е соодветен следен чекор кон оваа цел.

Стручњаците особено препорачуваат црно кафе без шеќер. Имено, калориите мора да се внесат заедно со корисните елементи во храната, а слаткото кафе носи празни калории.

Диетологот Кристина Таул препорачува кафето да се пие на празен стомак, 30 минути откако ќе испиете чаша лимонада. Овој сок хидрира доволно и обезбедува алкалност во телото.

Пиењето кафе 30 минути по будењето може да биде една од најсоодветните работи за телото во целина. Тоа го потиснува апетитот и на тој начин не се брза со гладта и храната наутро.

-Пиењето кафе на празен стомак или со првиот оброк во денот, може да спречи прејадување и да доведе до губење тежина, потврдува д-р Лиза Ричардс.

Според стручните  лица, кафето може привремено да го претвори телото во „машина за согорување маснотии“ и тоа е доста корисно за слабеење. Но, брзиот метаболизам благодарение на утринското кафе, нема траен ефект, па затоа е важно и појадокот да биде богат со хранливи материи, т.е. полн јаглени хидрати, протеини и здрави масти. (МИА)

Коронавирус