среда, 30. септември 2020. Вести денес: 20
home Живот и стил

Нумеролозите и астролозите велат дека овој датум е најдобар за венчавка во 2020 година

Нумеролозите и астролозите велат дека овој датум е најдобар за венчавка во 2020 година

Според астролозите, еден одреден датум во 2020 година ќе биде идеален ден за стапување во брак.

Британскиот астролог Каролин Фокнер тврди дека најдобриот ден за венчавка во следната година е 20 февруари затоа што тогаш Сатурн, Јупитер, Плутон, Марс и Месечината, клучните планети и небесни тела за „посветеност, емоционална стабилност и реализација на светите завети“, ќе бидат поставени во ист астролошки знак. Овој настан е значаен затоа што ова порамнување на планетите не се случило од 1960-тите, во деценијата позната како доба на љубовта.

Според овој стручњак, нумерологијата зад датумот 20 февруари 2020 година е многу интересна. Во нумерологијата, бројот два означува исправена и моќна жена која ја наведнува главата во знак на понизност и благонаклоност, но сепак има неверојатна решителност и сила. Во астрологијата, бројот два ја означува куќата на Бикот, хороскопски знак кој е управуван од планетата Венера, именувана по божицата на љубовта и убавината, претставувајќи ја трпеливоста, упорноста и преданоста да се зачува лојалноста и трудољубивоста за да се изгради брачна заедница која ќе трае долго. Според нив, целата 2020 година е особено среќен период за стапување во врска или брак.

Исто така, треба да се спомене дека 2020 година е престапна година, што значи дека на жените им е „дозволено“ да ги запросат мажите. Имено, според вековната традиција во многу европски земји, има еден ден во годината кога е особено препорачливо жената да го запроси мажот, а тоа е 29 февруари, односно, секоја престапна година.

извор: kafepauza.mk

Коронавирус