петок, 4. декември 2020. Вести денес: 147
home Живот и стил

Ново откритие на научниците: Визирите не штитат од коронавирус?

Ново откритие на научниците: Визирите не штитат од коронавирус?

Швајцарски научници откриле дека пластичните визири не штитат од коронавирусот.

„Дејли Мејл“ пишува дека се анализирани податоците од едно жариште во таа земја, односно туристички центар на Алпите.

Луѓето кои носеле пластични визири, а со цел заштита од коронавирусот сепак заболеле, додека лицата кои носеле маски останале здрави, пишува весникот.

Властите во Швајцарија истражувале жариште во еден хотел, каде биле забележани повеќе случаи на Ковид-19. Утврдено е дека оние кои се заразиле, воглавно услужни работници, носеле пластични визири додека тие кои носеле маски биле негативни на корона.

-Визирите само по себе не се доволна заштита. Може да се носат со маска како дополнителна заштита, кратко истакнал Јан Хулман од Институтот за јавно здравје.

Коронавирус