вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 0
home Живот и стил

Нови загрижувачки сознанија: Коронавирусот може да предизвика и стерилитет

Нови загрижувачки сознанија: Коронавирусот може да предизвика и стерилитет

Светот се соочи со болест која е нова и која ја има на целата планета – предизвикана е од коронавирусот, а самата предизвикува тежок акутен респираторен синдром.

Речиси една година од појавата, многу непознати за заболувањето. Кои се досегашните искуства?

Има ли некои именители кои ја дефинираат суштината на болеста?

Д-р Патриција Каламарас, инфектолог, вели дека сè уште нема потврдена делотворна терапија, нема ни вакцина. Дополнително болеста се манифестира различно кај различни луѓе, па Каламарас вели дека во иднина може да се докаже дека во основата на развојот на болеста е генетиката.

Според последните истражувања, Ковид-19 го напаѓа репродуктивниот систем кај помлади мажи и може да предизвика стерилитет.

Д-р Каламарас вели дека терапијата која досега се употребува вклучува супортивна терапија, изолација и примена на антивиротици кои даваат позитивни резултати, но дека сè уште не е унифицирана ниту потврдена одредена терапија.

„На почетокот беа правени обиди со антималарици, кои не дадоа задоволителен резултат.

Д-р Каламарас вели дека рецепторите за ангиотензин ковертирачкиот ензим 2 (АЦЕ2) имаат главна улога во патогенезата на Ковид-19 преку врзување на вирусот за АЦЕ2 и на тој начин вирусот навлегува во клетката и се реплицира.

Клетките кои се со висока АЦЕ2 експресија се потенцијални да бидат таргетирани и оштетени од вирусот. Повеќе студии потврдиле, пак, дека има висока АЦЕ2 концентрација во тестикуларните клетки, затоа тестисите се потенцијална таргетна група за директно оштетување од Sars – CoV-2 вирусот.

„Постои можност за потенцијално оштетување на тестисите и последователен инфертилитет при Ковид-19 инфекција. Можноста за тестикуларно оштетување е како резултат на директна вирална инвазија преку врзување на Sars –cov-19 вирусот за АЦЕ2 рецепторите или секундарно како резултат на имунолошки и инфламаторен одговор“, вели д-р Каламарас.

Коронавирус