недела, 28. февруари 2021. Вести денес: 35
home Живот и стил

Нови работи кои ги дознавме за коронавирусот во јануари 2021-ва година

Нови работи кои ги дознавме за коронавирусот во јануари 2021-ва година

Сите знаеме дека вирусот на короната е релативно нов вирус во медицинскиот свет и дека истражувачите сè уште учат за тоа. Тешко е да се следи што е вистина, што е мит и кои упатства треба да се следат, имајќи предвид дека досега сме слушнале сè за ковид 19.

Секој ден се дознава нешто ново, а овие новитети ги дознавме дури сега.

1. Постојат нови видови на коронавирус.

Постојат неколку заразни видови на коронавируси, а во моментов во нашата земја се уште го нема (според лабораторијата на МАНУ со подароци до 11. јануари) британски вид на вирус, кој е крајно заразен (до 40% повеќе од постојниот), но кој ги има скоро истите карактеристики како и постојниот вирус што е забележано.

Не е ново и невообичаено вирусот корона да мутирал, бидејќи така функционираат РНК вирусите – за да преживеат, тие се прилагодуваат на новите услови, односно мутираат.

Во овој момент, се смета дека постојните вакцини се ефикасни против новите соеви на коронавирус.

2. Можни се алергиски реакции на вакцината – но исклучително ретки.

Алергиските реакции на вакцината се исклучително ретки, но препорачливо е да се чека 15 минути по вакцинирањето, со цел да се следи состојбата на пациентот.

Совет е дека оние кои претходно имале алергиски реакции на други вакцини, треба да се консултираат со својот лекар пред да примат вакцина за коронавирус.

3. Дали луѓето кои биле вакцинирани против коронавирус сепак можат да бидат заразни?

Со оглед на исклучително брзото темпо на развој на овие вакцини, не е целосно испитано дали оние кои примаат вакцина за коронавирус се уште се заразни.

Совет е сите да носат маски и да ја држат дистанцата, барем додека не поминат 20 дена од втората вакцинација против вирусот корона.

4. Американците веруваат дека бремените жени и родилките треба да се вакцинираат.

Во декември, Американскиот колеџ за акушери и гинеколози ги обезбеди првите официјални упатства за вакцинација против КОВИД-19 за жени кои се бремени или дојат, заклучувајќи дека тие треба да бидат вакцинирани и’ покрај фактот дека не е направено истражување за тоа одредено население. Ова здружение вели дека жените апсолутно треба да имаат пристап до сите информации што им се достапни за безбедноста на вакцините во минатото (повторно, во овој момент, не многу) и дека треба да бидат охрабрени да разговараат со своите лекари за нивните можности. Со други зборови, не треба да има дополнителни бариери за бремени жени кои сакаат да се вакцинираат, пишува Хафингтон пост.

5. Вирусот може да навлезе директно во мозокот

Вистина е дека секој ден пристигнуваат се повеќе информации за вирусот корона. Најновите истражувања сугерираат дека вирусот може директно да стигне до мозокот. Студиите се сомневаат дека вирусот предизвикува голем број невролошки симптоми, вклучително и „ковидна деменција“, но и вртоглавица и нерамнотежа.

Вистина е дека ковид не „цели“ само на белите дробови, туку и на другите органи.

Коронавирус