петок, 21. септември 2018. Вести денес: 144
home Живот и стил

Нивното дете било насилно: Овој цртеж го открил проблемот кој треба да го знае секое семејство (ФОТО+ВИДЕО)

Бил во состојба постојано да и вика на мајка си. Очајните родители кажале дека понекогаш удирал толку силно во вратите, што почнале да се појавуваат пукнатини по ѕидот или многу агресивно да скока и еднаш радијаторот го извадил од лежиштето.
Нивното дете било насилно: Овој цртеж го открил проблемот кој треба да го знае секое семејство (ФОТО+ВИДЕО)

Момчето имало испади и тогаш заминувањето на спиење станувала вистинска борба која траела со часови, а завршувала со солзи.

Адријан (46) и Ема (37) не знаеле како да го контролираат бесот на својот 8-годишен син кој “кога ќе му дојде жолтата минута” ги удирал родителите, ги навредувал, ги плукал, ги гризал…

Често пати така знаела да настрада и неговата 11-годишна сестра Серел. Момчето знаело да има такви испади кога заминувало на спиење и тој период понекогаш се претварал во повеќечасовна борба која често завршувала со солзи.

Тие биле толку очајни што побарале помош од детски психолог, Лаверн Антробус, која во својата емисија им помага на проблематичните деца.

Таа ги посетила во нивниот дом во јужен Велс. Останала зачудена колку енергија трошела Ема додека се обидувала да го смири својот син.

Лаверн Антробус ги погледнала цртежите кои ги нацртало момчето кога имало 3 години и им кажала на родителите дека во нив може да се крие причината за таквото однесување. На цртежот тој стои меѓу родителите, во средината на сликата. Мајката е голема, а таткото е оддалечен.

Таа им кажала дека тој е заглавен во фазата кога “мајка му му припаѓа на него, а таткото може да седи во аголот.” Таа нагласила дека е важно и неопходно се да прават како тим и на тој начин неговото однесување ќе биде доведено под контрола.

-Како психолог знам дека малите деца се поврзуваат со родителот од спротивниот пол и тоа им е важно. Тоа е вообичаено, но изгледа дека тука момчето не излегло од таа фаза, објаснува психологот.

Додека оди на училиште тој е добар, но штом ќе се врати дома се сѐ менува.

Бил во состојба постојано да и вика на мајка си. Очајните родители кажале дека понекогаш удирал толку силно во вратите, што почнале да се појавуваат пукнатини по ѕидот или многу агресивно да скока и еднаш радијаторот го извадил од лежиштето.

-Се бориме со него на многу начини и тоа предизвикува многу кавги и расправии. Не знаеме дали можеме да продолжиме вака, кажува Ема.

Лаверн им советувала да се обединат и да работат како тим. Таткото мора да и помага на мајката за да му покаже на детето дека има двајца родители. Мора да ги гледа како пар. Мора да знае дека на неговото стоење помеѓу нив е дојдено крај. Таа им кажала дека ако продолжи така, може да дојде до крај на бракот и развод.

Новиот режим на однесување на родителите резултирал со подобро однесување на детето и тоа во толкава мера што тие можеле да го остават кај бабата и дедото и да уживаат во излегувањето, по првпат после неколку години. Сега наместо да му дозволат со часови да седи во собата, тие го шетаат надвор.

Заедно возат велосипед, одат на пливање… Два месеци откако ги советувала како да се однесуваат, психологот ги посетил пак. Ема признала дека сега е свесна дека со своето однесување лошо влијаела на детето и дека несвесно ги влошувала работите.

Момчето повторно нацртало цртеж од своето семејство, но овој пат не стоело во средина меѓу родителите. Родителите биле еден до друг, а покрај нив стоел тој со сестра му.

Лаверн Антробус објаснила дека детскиот цртеж покажува како се чувствуваат. Цртежите можат на психолозите да им дадат увид во состојбата на семејството и како детето го гледа семејството.