петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 10
home Живот и стил

Ниту една паметна жена не се согласува на ова: 5 работи кои не треба да ги правите за мажот кој го сакате

Ниту една паметна жена не се согласува на ова: 5 работи кои не треба да ги правите за мажот кој го сакате

Колку и да го сакате мажот со кој што сте, некои работи се едноставно неприфатливи.

Паметната жена никогаш не ги прави овие 5 работи за својот партнер:

Никогаш не го издржува финансиски

Секоја жена што го финансирала својот партнер, горко се покајала поради тоа. Бидете му поддршка кога е тешко, но никогаш не се согласувајте да бидете некој кој ќе го издржува.

Никогаш не му купува скапи подароци

Никогаш не му ја покажувајте љубовта преку скапи подароци. Не се обидувајте да го импресионирате така што ќе потрошите огромна сума на пари за него, особено не на почеток на врската. Тоа ќе ја одведе вашата врска во погрешна насока. Парите никогаш не треба да бидат мерило за љубов.

Никогаш не го менува изгледот само затоа што тој сака

На жените им доаѓа речиси природно да го менуваат изгледот во согласност со тоа што им се допаѓа на нивниот партнер. Да се разбереме, нема ништо погрешно во тоа да поминете малку повеќе време средувајќи ја косата или фризурата пред романтичната вечера – тоа е можност да ја нагласите вашата природна убавина и да си ја подигнете самодовербата.

Сепак, би требало да бидете подеднакво самоуверени и кога ќе се појавите пред него во маица и фармерки, како и кога ќе се појавите во фустанот што тој го обожува. Ако ве притиска да се облекувате онака како што тој сака, да носите фризура каква што тој сака или на кој било начин да го менувате телото, не е вреден за вашето време.

Не се откажува од своите соништа

Тоа што сте во врска не значи дека треба да се откажете од вашите соништа, само затоа што соништата на партнерот не се поклопуваат со вашите. Напротив – вистинскиот маж ќе ве поддржи во сите ваши намери.

Никогаш не измислува оправдувања за него

Кога тој ќе погреши, понекогаш сигурно има добро оправдување, но не треба вие да го измислувате за него. На тој начин само се лажете себеси и во суштина му давате поддршка на неговото непримерно однесување во некои ситуации. Кога е потребно, слободно удрете со тупаницата на маса – секако, мислиме фигуративно.

Коронавирус