понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 154
home Живот и стил

Никако оживување: Лекарите искрено зошто не прифаќаат реанимација

Никако оживување: Лекарите искрено зошто не прифаќаат реанимација

Иако сите умираат кога – тогаш, дури и оние кои боледуваат од терминални болести ретко се свесни за својата смртност, како и нивните блиски, па имаат нереални очекувања за тоа што можат се да преземат лекарите. Работа на лекарите стана давање надеж и преппишување лекови, но во ситуација во која треба самите да одлучат какво лекување сакаат, многу почесто одбиваат лекување.

Лекарите, исто така, не сакаат оживување. Зошто?

Оживувањето се одвива во следниве фази: притисок на градите, интравенозни лекови, механичко вдувување воздух и дефибрилација. Во случаи во кои целта не е само преживување, туку и враќање на претходно ниво на функционирање, шансите за успех се загрижувачки мали. На крајот, ало лекар ви понуди операција која има само 1.7 % шанси да ја подобри вашата состојба, а истовремено е болна и вознемирувачка, веројатно не би прифатиле.

Во нашето општество грижата и љубовта се изедначуваат со „ќе направам се“. Како што стареат луѓето, акцентот треба да се стави на квалитетот, а не на квантитетот на животот, што луѓето често го занемаруваат, па од себични приичини не сакаат да пуштат никого.

Најчесто човек се оживува заради доброто на ужаленото семејство, а не за остатокот од животот да го помине неподвижен и врзан за апарати, како што бива. Улогата на лекарите е да лекуваат болести, а кога ќе дојде до тоа – да ја олеснат смртта.

-Татко ми одби реанимација и кога му пукна артата, не се противев ан неговата одлука и го пуштив да си замине. Го одржувавме во живот колку додека да се поздрави со сите. Да сум во длабока кома, не би сакал вештачки да ме држат жив – тоа нема смисла, вели нефрологот Паскал Лејн.

Оживувањето не е гаранција за преживување и за водење живот каков што имал пациентот пред болеста. Сликата која ни ја дава Холивуд, е лажна. Просечно, млад, здрав човек (што значи дека функциите на мозокот се беспрекорни) е само 30 отсто. Кај старите луѓе со хронични болесто 1 до 3 отсто. За некои пациенти – нула.

Луѓето мислат дека оживувањето функционира така што ве враќаат од мртвите, станувате од постела и трчате маратон. Сепак, стварноста е инаква – најлесто се јавуваат оштетувања на разни органи и системи. Долгорочно пациентите можат да завршат со лоши невролошки функции, зависни од апарати за дишење, без надез за враќање на старо поради белодробни болести и други здравствени компликации. Можат да бидат врзани за кревет и да развијат чиреви на разни места на телото. Тие чиреви, отворени рани, можат да се инфицираат. Често се врзани за креветот за да не си ги извадат цевчичата преку кои живеат, но многу од нив сепак успеваат до дилириум. Многу пациенти добиваат уринарни инфекции, па мора да користат катетар.

Семејствата, пак, наместо да го почувстввуаат задоволството од присуството на саканиот член, се чувстввуаат заробено од ситуацијата, веруваат дека нивниот близок го победил инфарктот, но неправедно е врзан за кревет.

Коронавирус