петок, 18. септември 2020. Вести денес: 166
home Живот и стил

Нервозата кај мажите може да постои и од оваа важна причина

Нервозата кај мажите може да постои и од оваа важна причина

Нервозните мажи најчесто добивале малку татковско внимание и грижа, биле лишени од игри и дружење со таткото.

Исто така нервозата кај мажите може да се должи на недостатокот на пофалби од таткото во периодот на раното детство. Но, и на недостаток на поддршка во тешки ситуации.

Ако таткото малку учествува во животот на синот, тој може да порасне во нервозен маж и неспособен да се справи со тешките моменти во животот.

Овие податоци се добиени врз основа на истражување кое било спроведено над 912 мажи и жени на возраст од 25 до 74 години. Тие требало да ги раскажат и најситните детали од комуникацијата со своите татковци во детството.

Претходните истражувања на научниците покажуваат дека нивото на мајчинска љубов значително влијае врз формирањето на карактерот на детето. Затоа научниците одлучиле да истражуваат односите со таткото и нивното влијание врз момчињата.

Резултатите покажале дека повеќето луѓе имале многу добри односи со своите мајки, но не и со своите татковци, особено тоа се однесува за мажите.

Односите со мајката во детството подеднакво влијаат на емоционалната врска како на мажите така и на жените. Луѓето кои страдале од недостаток на татковска љубов, кога биле мали, почесто страдаат од напади на лошо расположение.

Мажите кои страдале од  недостатокот на заинтересираност од страна на таткото во периодот на детството, многу често биле подложни на стресни ситуации. Исто така тоа доведува до чести промени на расположениeто и до проблеми со здравјето

Коронавирус