среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 144
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Живот и стил

НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ: Останува уште еден продолжен празничен викенд за сите граѓани до крајот на годината

НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ: Останува уште еден продолжен празничен викенд за сите граѓани до крајот на годината

Во 2022 година, на сите македонски граѓани им останува уште еден продолжен викенди.

Продолжен празничен викенд има во октомври. Неработен ден по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври, е понеделник 24 октомври.

Во согласност со Законот за празниците на Република Македонија (Сл. весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2022 година остануваат уште овие неработни се:

За сите граѓани на РМ

24 мај (вторник), Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители,
2 август (вторник), Ден на Републиката,
8 септември (четврток), Ден на независноста,
11 октомври (вторник), Ден на народното востание,
23 октомври (недела), Ден на македонската револуционерна борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден,
8 декември (четврток), Св. Климент Охридски.

За граѓаните од православна вероисповед

10 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

1 ноември (вторник), Празникот на сите светци,
25 декември (недела), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

9 јули (сабота), Курбан бајрам, првиот ден на Курбан бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 ноември (вторник), Ден на албанската азбука,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

23 мај (понеделник), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

5 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.

Коронавирус