сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 52
home Живот и стил

Нека не ви биде срам да прашате: Овие грешки ги прават мајките на новороденчиња

Нека не ви биде срам да прашате: Овие грешки ги прават мајките на новороденчиња

Без сомневање, ниту една мајка не сака да згреши во здравото растење на своето бебе, но постојат некои работи кои секоја мајка ги прави незнаејќи дека се штетни за бебето.

Сечење нокти додека е будно

Покрај тоа што ризикувате да го повредите, ќе го исплашите вашето бебе. Многу подобро би било да го правите ова кога тоа спие. Така нема да се исплаши, ниту да ви се тргне.

Не го менуваат местото на спиење на бебето

Доколку не го менувате местото на спиење на вашето бебе, тоа ќе се навикне само на тоа место.

Ако се преселите или го преместите на некое друго место, бебето нема да престане да плаче во вечерните часови. За него тоа ќе биде непознато, ново мессто кое ќе го исплаши.

Преместувајте го вашето бебе на различни места, за и вие да можете да се спиете навечер.

Пребрзо опоравување после породувањето

Секоја мајка после породувањето сака побрзо да се опорави за да може да се грижи за своето новороденче, но тоа е грешка. Дајте му го на телото потребниот одмор после истоштувањето кое го претрпело.

Доколку го игнорирате ова, нема да можете да се грижите за своето бебе правилно. Ќе бидете понервозни, нема да може да го издржите неговото плачење, а може и да го изгубите млекото.

Грижата ја префрлуваат на таткото, свекрвата, сестрата

Ова е најголемата грешка од сите. Посебно ако имате девојче. На вашето бебе му е потребна мајчинска љубов. Секако и љубовта на таткото игра улога во неговиот раст и развој, но мајчинската љубов не може ништо да ја замени.

Треба да одморите и да имате помош, секако, но не целосно вашите обврски да ги преземе друг.

Не прашуваат

Доколку се работи за вашето прво дете или сте млада мајка која нема искуство, нормално е да не знаете многу работи околу здравјето, негата и исхраната на бебето. Не се срамете да прашате!

Не се плашете дека ќе изгледате глупаво. Не постојат глупави прашања, само глупави одговори.

Не го ризикувајте здравјето на вашето бебе поради вашиот срам.

Коронавирус