вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 164
home Живот и стил

Нека не ве загрижува ако често заборавате работи, тоа е добро – еве зошто

Нека не ве загрижува ако често заборавате работи, тоа е добро – еве зошто

Едно истражување на Универзитетот на Торонто оди во прилог на тезата дека заборавањето е заштитен механизам во самиот мозок, односно да не заштити од преоптовареност со информации.

Со други зборови, тоа е апсолутно полезна „функција“ за сивата маса во мозокот. Тоа е добра вест, особено за оние кои постојано забораваат каде си ги оставиле клучевите од куќата, на пример.

-Важно е тоа што мозокот заборава на непотребните подробности и се фокусира на нешта кои ќе ни помогнат за подобри решенија во иднина и при важни случаи, објаснува еден од научниците што го спровеле испитувањето, проф. Блејк Ричардс.

Статијата донекаде покажува и како работи мозокот – едно од најмистериозните прашања кои ја „мачат“ науката.

-Откривме многу докази дека има механизми со посебна функција за заборавање информации. Тие механизми се разликуваат од оние кои се користат за помнење, додава проф. Пол Френкланд.

Коронавирус