сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 0
home Живот и стил

Нејзиниот вереник починал ден пред венчавката: Два месеци подоцна добила подарок кој ја донел до солзи (ФОТО)

Нејзиниот вереник починал ден пред венчавката: Два месеци подоцна добила подарок кој ја донел до солзи (ФОТО)

Дејниел Камберворт доживеала ужасна судбана, нејзиниот вереник 27 годишниот Ешли Грент Смит почина на само еден ден пред нивната венчавка.

Таа веќе била во општината и ја предавала потребната документација, кога ја слушнала тажната вест. Ешли почина после борба со тежок облик на рак на крвта.

Два месеци по смртта, Дејниел добила неочекуван подарок. Подоцна дознала дека подарокот вереникот го нарачал без нејзино знаење, како изненадување. Во прашање бил преубав веренички прстен.

Еден ден дојдов дома од работа и видов дека сум пропуштила да преземам некој пакет. Отидов да го подигнам и го отворив уште во автомобилот. Тоа беше веренички прстен од Ешли. Не плачев, се смеев. Не ми кажа за тоа, раскажува Дејниел.

Таа и Ешли се запознале на одмор на Крит во 2015 година и од тогаш биле неразделни.

Еден ден му се појавил израсток на вратот и мислел дека антибиотиците ќе го средат тоа. Меѓутоа, како растел израстокот, отишол на тестови и добил поразителни вести. Заболел од редок облик на рак на Т-ќелиите лимфомот.

-Тогаш бевме заедно една година и требаше да почнеме да живееме заедно, раскажува Дејниел.

Ешли потоа тргнал на хемотерапии. Иако тие лошо влијаеле на Ешли, Дејниел раскажува дека тој не ја изгубил смислата за хумор и ведрината.

-Како поминуваа месеците, неговиот хумор растеше. Ми даде надимак Колин. Се шегуваше дека не има тројца во врската и дека гужва, па Колин мора да замине, вели неговата вереница.

Откако сите терапии биле искористени, на Ешли како опција му останала имунотерапија која чинела 200.000 фунти. Семејството успеало да собере 25.000 фунти, но сепак било предоцна.

Неговата болест била терминална. Дејниел потоа го прашала дали има за што да жали во животот.

-Ми кажа „жал ми е што никогаш нема да те оженам“. Потоа веднаш тргнавме со планирање на венчавката, но тој не го доживеа тоа, раскажува скршената Дејниел.

Иако не успеале да се венчаат, Дејниел вели дека прстенот ќе го чува засекогаш затоа што ќе ја потсетува на сите мигови кои ги поминала со својот несуден сопруг.

 

Коронавирус