понеделник, 17. декември 2018. Вести денес: 86
home Живот и стил

Нејзината икона има чудотворна моќ- жените кои сакаат пород, утре треба да го направат ова

Нејзината икона има чудотворна моќ- жените кои сакаат пород, утре треба да го направат ова

Македонската православна црква утре прославува голем празник, Пречиста Богородица.

Овој ден е посветен на Богородица кога за првпат со своите родители го посетила светиот храм, за да го посветат своето дете на Бог.

Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм.

Богородица се смета за заштитничка на жените. Во некои места се задржал обичајот на Воведение, жените кои немаат деца, да преспијат во манастир како Богородица би им подарила пород.

Според народните преданија Богородица се смета на заштитничка на жените и се верува дека нејзините икони имаат голема моќ на овој ден, па оние кои немаат деца утре треба да одат во црква и да се помолат на Богородица.

На утрешниот празник не би требало да се превземаат никакви поважни работи, да се склопуваат договори, да се започнуваат големи работи и слично. Исто така не би требало да се работи по дома, да се пере, пегла.

Жените треба да ја празнуваат својата заштитничка. Жените на овој ден се причествуваат, бидејќи се верува дека Богородица на овој ден ги услишува сите молитви.

Се верува исто така дека Богородица ги штити и сточарите и стоката од дивите ѕверови, а ако на овој ден е ведро небото се верува дека се предскажува добар род на земјоделците.