недела, 16. декември 2018. Вести денес: 0
home Живот и стил

Неговиот одговор е лекција за сите: Студентите го прашале професорот зошто не се оженил

Неговиот одговор е лекција за сите: Студентите го прашале професорот зошто не се оженил

Студентите постојано го прашувале професорот зошто никогаш немал сопруга.

-Вие сте толку мудри и искрени. Сите ве почитуваат, сакаат да ве слушаат и да станат како вас. Но сепак, сите нас не интересира една работа, зошто никогаш не сте ожениле?

Професорот збунет со ова прашање во почетокот изненаден ги гледал студентите, но набрзо почнал да се отвора.

-Видете јас секогаш ја барав совршената жена – одговорил тој.

-Во тоа барање, пропатував многу земји. Еднаш сакав една преубава девојка. Беше неверојатно  убава. Ниту еден маж не можеше да и одолее на нејзината убавина. Но за жал нејзината душа ја немаше истата убавина, па по некое време се разделивме – продолжил професорот.

-По некое време запознав уште една млада девојка. Таа беше и убава и паметна и образована. Но за жал, карактерите ни беа потполно различни и моравме да ја прекинеме нашата врска. Од тогаш видов многу убави жени, но се уште ја барав онаа мојата совршена жена- ги збунил студентите со ваквиот одговор.

-И што се случило, зарем не сретнавте таква жена- повторно го прашале.

-Да ја сретнав! Еден ден се појави токму таква:совршена жена – умна, убава, волшебна, продуховена, елегантна, добра…со прости зорови таа беше совршенство- кажал професорот.

-И тогаш не се оженивте?!- нетрпеливо прашале студентите.

-Не! На мое големо разочарување, излезе дека таа бара совршен маж. Многумина тежнеат совршенство кај другите, но не работат на своето совршенство – заклучил тој.