понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 109
home Живот и стил

Не сме силни кога владееме со другите, туку со себеси

Не сме силни кога владееме со другите, туку со себеси

Силни сме кога ќе сфатиме дека својата фрустрација и незадоволство не можеме да ги исфрламе на другите, дека со тоа ништо нема да постигнеме. Силни сме кога сфаќаме колку знае да биде убав животот кога не ги обвинуваме другите луѓе за своите неуспеси и кога ќе почнеме да носиме одлуки кои го прават нашиот живот подобар.

Не сме силни кога владееме со другите, туку кога владееме со себеси. Силни сме кога ќе престанеме да се споредуваме со другите луѓе, знаејќи дека секој го живее својот живот на поинаков начин. Ако денеска сме во подобра ситуација од некој друг, не значи дека секогаш ќе биде така. Силни сме кога ќе престанеме да користиме изговори за тоа што го правиме и кога ќе останеме доследни на своите ставови и вредности.

Не сме силни кога владееме со другите, туку кога владееме со себе. Силни сме кога проблемите од минатото ги оставаме позади себе, знаејќи дека ништо веќе не можеме да поправиме. Силни сме кога можеме да процениме дали треба да реагираме или едноставно да ги оставиме работите да се случат од себе.

Силни сме кога минуваме време со себе, кога сме задоволни со тоа и кога работиме на себе. Силни сме кога можеме да ја избираме иднината без да загрозиме нечиј друг живот. Силни сме кога живееме најдобро што можеме.

Коронавирус