понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 0
home Живот и стил

Не сите мозолчиња треба сами да ги истиснуваме

Не сите мозолчиња треба сами да ги истиснуваме

Д-р Сандра Ли, попозната како д-р Пимпл Попер е Јутјуб ѕвезда која својата „популарност“ ја стекна со стручниот третман на своите клиенти со мозолчиња.

Како што самата вели, нејзина цел не е да привлече гледаност прикажувајќи одвратни  работи, туку да  им покаже на своите следачи како правилно да го исчистат лицето од овие непријатни израстоци.

– Кога ќе го одредите видот на мозолчето, измијте ги рацете и лицето со средство за лице и топла вода. На лицето ставете крпа натопена во топла вода, за порите да се отворат. Притоа гнојниците може и сами да пукнат. Доколку пак, мозолчето е „тврдоглаво“, најсоодветен начин за истиснување е оној со комедонска екстракција, со посебна пинцета со округла глава. Ако притоа се појави крв, престанете со стискање, објаснува докторката.

Според неа, постојат три вида мозолчиња… Митесерите се затнати пори кои може и сами да ги истиснеме без да остават траги на кожата, како и гнојниците – црвени израстоци со бел врв. Но, цистите треба да ги отстрани само стручно лице. А за нив постојат и лекови што се купуваат на рецепт.

МИА

Коронавирус