четврток, 9. декември 2021. Вести денес: 24
home Живот и стил

Не ја чекајте зимата: Две важни работи кои треба да ги проверите на автомобилот веднаш

Не ја чекајте зимата: Две важни работи кои треба да ги проверите на автомобилот веднаш

Со честите врнежи, помалку дневна светлина и малите недостатоци на автомобилот може сериозно да ја загрозат безбедноста.

Во летните месеци возачите обично поминуваат најмногу километри во текот на годината.  Токму затоа често доаѓа до „истрошеност на материјалите“, па на почеток на есента добро е да извршите контролен сервис и преглед и да ги проверите најважните делови – сопирачките, моторот, гумите, амортизацијата, дури и доколку не треба наскоро да одите на технички преглед.

Во студениот дел од годината чести се врнежите и маглата, има помалку дневна светлина и обично условите за возење се посложени, па оттука и најмалите технички недостатоци може да бидат безбедносен ризик.

Најдобар пример за тоа се бришачите. На прв поглед нивната дотраеност и послабо функционирање може да ги сметате за помалку важни, но доколку ненадејно дојде до силни, обилни врнежи возачот поради нив лесно може навреме да види некоја ситуација. Доколку се дотраени тоа нема да биде случај.

Од друга страна, постојат недостатоци кои доаѓаат до израз со појавата на студеното време, а кои нужно не мора да влијаат на безбедноста, но можат сериозно да го загрозат возачот. На пример, неисправен акумулатор.

При ниски температури издржливоста на акумулаторот драстично се намалува, па на сопствениците со акумулатори постари од пет години може да им се случи да не можат да го стартуваат возилото.

Коронавирус