четврток, 25. април 2019. Вести денес: 0
home Живот и стил

Не им верувајте на луѓето ако ви кажат дека ги мрзи: Мрзата е измислена, тврди психолог

Не им верувајте на луѓето ако ви кажат дека ги мрзи: Мрзата е измислена, тврди психолог

Психологот Девон Прајс кој предава на универзитетоѕ Лојола, развил теорија дека мрзата воопшто не ни постои, туку е измислена од луѓето.

Мрзата не е реална

Она што го перцепираме како мрза, на пример пропуштање на крајни рокови, доцнење на работа и рутинско завршување на задачите, всушност и не е реално. Постојат неколку замки во карактерот на човекот кои влијаат врз тоа каков ќе биде неговиот перформанс на работа, па и во секој друг аспект на животот.

Слично е и кај студентите, кои колку и да се трудат, не го постигнуваат саканиот резултат. Она што го нарекуваме мрза, често е само симптом на нешто многу подлабоко и многу поскриено.

Без судење

Ако престанете да им судите на другите, многу полесно можете да дојдете до решение на проблемот. Обвинувањето и надменото однесување предизвикуваат вина и срам, а тоа го прави прокрастинирањето уште полошо.

Затоа, наместо да пресудите, можеби е подобро да прашате и да добиете добро објаснување за таквото однесување.

Следниот пат, пред некого да етикетирате како мрзлив, подобро е да вложите повеќе енергија за да можете да откриете што го мачи, односно што лежи под таа мрза.