вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 12
home Живот и стил

Не ги игнорирајте овие симптоми, ви кажуваат дека имате проблеми со чувствителност на глутен

Не ги игнорирајте овие симптоми, ви кажуваат дека имате проблеми со чувствителност на глутен

Иако чувствителноста на глутенот се смета за помодарски тренд, поединци навистина патат од овој синдром, а лекарите наведуваат кои се основните симтоми.

Освен проблеми со варењето, постојат низа на апатични симптоми кои, ако ги имате, треба да закажете кај својот лекар:

Промена на расположение

Освен што влијае на варењето, глутенот влијае и на психата. Се поврзува со промените во расположението, анксиозност, депресија и хиперактивност, а експертите тврдат дека симптомите ќе се ублажат единствено со ифрлувањето на храната со глутен.

Постојан замор

Како последица на интолеранцијата на глутен се јавува и хорничниот замор и пад на енергијата, особено по јадење.

Главоболки и вртоглавици

Можни се и мигрени, за што докажуваат и снимки од мозок. На нив се гледа воспаление на нервниот систем кој најверојатно е предизвикано од неподносливи главоболки. Тоа предизвикува вртоглавица, вкочанетост и трнење во телото.

Хормонски промени

Воспалението што предизвикува нетолеранција на глутен ги оптоварува надбубрежните жлезди и го нарушува ендокриниот систем. Токму поради тоа се менува нивото на хормони во телото, што може да предизвика неплодност и неправилен менструален циклус.

Осип

Кога телото се бори со глутенот кој не може да го свари, може да предизвика појава на осипи и чешање низ телото, а најчесто на грбот и горниот дел на раката. Ова воспаление е резултат на формирање на антитела од страна на имунолошкиот систем, а промените во кожата може да личат на псоријаза.

Коронавирус