среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 127
home Живот и стил

Не е вода или аспирин: Ова е најдобриот “лек“ кога имате мамурлук

Не е вода или аспирин: Ова е најдобриот “лек“ кога имате мамурлук

Секој кој барем еднаш во животот ги почувствувал последиците од претераното консумирање алкохол, добро знае колку мамурлукот е непријатен. Вообичаено, следното утро имате потреба за брза храна или шеќери, а тоа според научниците истражувања е сосема погрешно.

Имено, според истражувањето на Универзитетот Џорџ Мејсон, решението е многу поедноставно.

“Поради алкохолот се јавува потреба за зголемено мокрење, а тоа значи дека доаѓа до дехидрација, но телото освен вода губи и многу минерали, помеѓу другото и калиум“, стои во заклучокот на научниците кои предупредуваат дека поради тоа треба да се посегне по банана.

“На телото му треба калиум за правилно функционирање на нервниот систем и мускулите. Недостатокот на гликоген ако извор на енергија е клучен дел поради кој доаѓа до чувство на слабост, замор и недостаток на координација следното утро“,
нааведуваат истражувачите.

Поради тоа, додаваат тие, наместо да барате магичен лек, следниот пат кога ќе се разбудите мамурни, изедете банана.

Коронавирус