четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Живот и стил

Не е важно КОЛКУ, туку КАКО спиете: Која е идеалната положба за телото?

Не е важно КОЛКУ, туку КАКО спиете: Која е идеалната положба за телото?

Недостатокот на сон може да биде голем проблем, но што кога навреме си легнувате, спиете 8 часа, а се будите уморни?

Според докторката Сара Бревер, проблемот може да се крие во начинот на кој спиете. Таа вели дека спиењето на истата страна на креветот може да предизвика бројни проблеми. Иако така ви е најудобно, Бревер вели дека спиењето на истата страна на креветот може да биде поврзано со низа дигестивни проблеми.

„Желудникот е асиметричен орган и кога ќе легнете на десната страна на вашето тело, желудочната киселина може да дојде вентилот на долниот дел на хранопроводот, што може да предизвика рефлукс. Со преминување на левата страна може да го решите проблемот“, вели таа.

Но, тоа не се единствените проблеми со кои може да се соочите ако не ги менувате страните на кои спиете. Една од нив е и силната болката во колковите.

Бревер советува дека најдобрата поза за спиење е онаа меѓу спиење на грб и на страна, со едната нога крената.

„Тоа е природна положба за опуштање“, вели таа.

Спиењето на  грб може да предизвика бројни проблеми со болки во грбот, но и рчење. Затоа, најдобро е да спиете странично, но не заборавајте во текот на ноќта да ја менувате страната.

Коронавирус