сабота, 10. април 2021. Вести денес: 89
home Живот и стил

Не е шпанска серија, туку потресна исповед: „Дознав дека мојата сестра всушност ми е мајка“

Не е шпанска серија, туку потресна исповед: „Дознав дека мојата сестра всушност ми е мајка“

Корисничка на ТикТок сподели трауматично искуство кога открила дека нејзината постара сестра е всушност нејзината мајка.

Нов тренд на оваа платформата е тоа што се бара од корисниците да ги споделат најголемите лаги со кои се соочиле во својот живот.

Карол Лу ги шокирала корисниците кога открила дека на 16 години дознала дека нејзината мајка и татко се всушност нејзини баба и дедо.

На видеото, кое го гледале неколку милиони луѓе, Лу објаснува дека како дете нејзините родители постојано биле на работа, а ретко дома.

Поради тоа, за неа се грижеле нејзините постари браќа и сестри, особено нејзината најстара сестра која е 16 години постара од неа.

Една вечер ми се јави нејзиното поранешно момче и ми кажа дека ќе ми открие тајна што ќе ми го промени животот за 180 степени. Дури и додека тој самиот не го изговори тоа, имав претчувство што ќе каже – мојата постара сестра, ми е всушност мајка,  раскажува таа.

Лу објасни дека нејзиното семејство живеело во Полска во 90 -тите години на минатиот век, која тогаш била екстремно конзервативна држава, па нејзините баба и дедо ја криеле бременоста на нивната ќерка тинејџерка за да ја заштитат од осудите на општеството. Таа исто така раскажува како започнала да поврзува некои работи од своето детство што укажувале на тоа дека оваа приказна е вистинита.

Еднаш имавме медицински преглед на училиште, а мене ме носеше вистинска мајка, која тогаш за мене беше постара сестра. На моите документи го пишуваше моето име, презиме и под името на родителите беше нејзиното. Кога ја прашав зошто е тоа така, ми кажа дека веројатно имало некоја грешка, раскажа таа.

Карол планирала да скрие од семејството дека ја знае вистината затоа што сакала да види колку долго ќе ја лажат, но по само неколку недели им признала на својата сестра или мајка дека знае сè. Иако оваа тема, како што вели таа, е чувствителна за семејството, тие одлучиле да продолжат понатаму и да не дозволуваат тоа да влијае на нивната врска, пренесува UNILAD.

Коронавирус