сабота, 28. март 2020. Вести денес: 20
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Живот и стил

Не е доволно да носите маска и ракавици за заштита од коронавирус: Што треба да направите кога ќе се вратите дома?

Не е доволно да носите маска и ракавици за заштита од коронавирус: Што треба да направите кога ќе се вратите дома?

Мерки на претпазливост во време на коронавирусот се многу важни. Сите ни кажуваат дека хигиената е единствената работа што може да нè заштити од оваа опасност. Но не е доволно да носите маска и ракавици.

Доколку сте биле надвор: во продавницата, аптека, работа или јавен превоз, ве советуваме да го сторите следново:

На јавни места, не заборавајте да носите маска и ракавици. Ако немате тоа, носете зимски ракавици и шамивче над носот и устата. Избегнувајте контакти (ракување, гушкање) и потпирање на која било површина. Избегнувајте седење во јавен превоз.

Важни правила:

Чевлите соблечете ги надвор, пред врата.

Отстранете ги ракавиците пред да влезете дома. Ракавиците за еднократна употреба се фрлаат во корпа за отпадоци, а ако сте носеле зимски ракавици веднаш ставете ги во машина. Треба да се перат на 60 степени.

Отстранете ја маската и фрлете ја.

Соблечете ја облеката што сте ја носеле и ставете ја за перење.

Измијте ги рацете темелно, измијте лице.

Користете брисачи од хартија за да се избришете или пешкир што го користите само вие и го менувате секој ден.

Дезинфицирајте ги вратите, подот, бравите, телефонот, паричникот.

На крајот, повторно измијте ги рацете со сапун и вода.