понеделник, 16. декември 2019. Вести денес: 65
home Живот и стил

Научно истражување: Не прескокнувајте го појадокот, опасно е за здравјето

Научно истражување: Не прескокнувајте го појадокот, опасно е за здравјето

Прескокнувањето на појадокот носи зголемен ризик од смрт од срцеви заболувања, посочува ново американско истражување, спроведено на ниво на цела држава.

Научниците ги анализирале податоците од испитување во врска со здравјето и храната, земени во периодот од 1988 до 1994 година, коешто опфаќа 6.500 Американци на возраст од 40 до 75 години.

Според написот објавен во „Џурнал оф Американ колеџ оф кардиолоџи“, луѓето што подолго време намерно не појадувале, честопати се соочуваат со дебелеење, повисок холестерол и крвен притисок, како и со дијабетес тип 2 и метаболичен синдром. Тоа се најчестите причини за проблемите со крвните садови и срцето.

Истражувачите, сепак, нагласуваат дека тука е земено предвид самото јадењето наутро, а не и содржината на појадокот.