петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 147
home Живот и стил

Научниците открија: Луѓето кои умираат целосно се свесни за моментот на смртта

Научниците открија: Луѓето кои умираат целосно се свесни за моментот на смртта

Електромагнетната активност кои научниците ја нарекле „ширење депресија“ се јавува во човековиот мозок во последните моменти од животот.

Ова го открило научното истражување објавено во магазинот „Аналите на неврологија“. Неуролозите истражувале мозок на пациенти кои умираат, следејќи ја силната активност која се појавувала во нивниот мозок, а претходела на конечното исклучување на најголем дел од виталните органи.

Ова откритие сугерира на можноста дека свеста е присутна и подолго време откако телото на оној кој умира веќе не дава знаци на живот, а таа свесност може да се задржи дури и пет минути откако мозокот ќе се исклучи.

Тим на невролози ги надгледувал сигналите на мозоците на девет луѓе кои умирале. Секој пациент, од оној во Берлин до оној во Синсинати, добил фатални повреди на мозокот и не ги оживувале.

Научниците се уверени дека ако на луѓето кои умираат во мозокот им имплантираат електроди ќе може да го откријат и самиот механизам во мозокот за време на процесот на умирање.

Откриле дека дури пет минути по престанокот на чукањето на срцето, неговите мозочни станици, односно неурони може и натаму да функционираат.

Но, токму „ширењето депресија“ го означува моментот кога невроните почнуваат да се гасат пред да настапи самата смрт.

-Откако крвта ќе престане да циркулира по телото, ширењето на деполаризација го ограничување губењето на сочуваните електрохемиски енергии во мозочните станици и настапуваат штетни процеси кои веројатно водат кон смрт, напишал во стручниот магазин доктор Јенс Драер од Медицинскиот факултет во Берлин.

 

 

 

 

 

Коронавирус