недела, 27. септември 2020. Вести денес: 0
home Живот и стил

Научници: Јавниот превоз сепак не е главно легло на зараза од коронавирусот

Научници: Јавниот превоз сепак не е главно легло на зараза од коронавирусот

Можеби автобусите, возовите и авионите не се главно жариште на коронавирусот се новите тврдења на научниците.

Имено, новата студија тврди дека, со прописно социјално дистанцирање и носење маски, шансите за пренесување на вирусот во јавниот превоз се минимални.

Студиите кои што ги објавија епидемиолозите од Франција, Австрија и Јапонија, забележале нешто помалку од еден процент ширење на вирусот во јавниот превоз.

Истражувањето на националната здравствената агенција Санте Публик од Франција кое е извршено помеѓу мај и јули во Париз, покажива дека само 4 од 386 случаи биле поврзани со директно заболување во јавниот превоз.

Од друга страна, во Австрија од 297 истражени случаи никој се нема заразено во јавен превоз, како ни во Токио каде се фокусирале на метро.

Откриено е дека работата во канцеларија или седењето во ресторан создава поголем ризик на зараза отколку користењето на јавен превоз.

Објаснувањето лежи во тоа што луѓето кои користат јавен превоз, остануваат пократко и не разговараат со никој што ја намалува аеросолната дифузија.

Задолжителната употреба на маски за лице во јавниот превоз го намалува ризикот од заразување со вирусот, а исто така и редовната дезинфекција на автобусите и возовите

 

Коронавирус