сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 93
home Живот и стил

Направете сами: Рецепт за пилинг кој го уништува целулитот!

Направете сами: Рецепт за пилинг кој го уништува целулитот!

Пилингот е одличен препарат пред нанесување антицелулитни креми, а во комбинација со масажа, дава одлични резултати во борбата против целулитот. Можете да го купите, или можете да го направите сами. Ние ви донесуваме едноставен и ефикасен рецепт. За овој многу едноставен рецепт, ќе ви треба грубо мелен кафеав шеќер и малку маслиново масло. Со својата груба структура, шеќерот ги отстранува мртвите клетки од кожата и ја стимулира циркулацијата на крвта, а маслиновото масло осигурува дека пилингот полесно се шири на кожата и ја храни.

Измешајте ги овие две состојки во сооднос 1: 1 во сад.

При туширање, тријте го антицелулитниот пилинг со кружни движења на кожата. Потоа исплакнете го.

За уште подобар ефект, туширајте ги нозете, колковите и задникот наизменично со топла и ладна вода.

Извор: ПОПАРА

Коронавирус